top of page
Search
Writer's pictureАСК Феникс АМС

Добро чувство или добар изглед?

ФАКТИ

  • Според Светската Здравствена Организација, пет од десетте најризични фактори за смртност во развиените земји се директно поврзани со навиките за јадење.

  • Високиот крвен притисок, високиот холестерол и дебелината најчесто се последица на недоволниот (неадекватниот) внес на овошје, зеленчук и недостатокот на железо. Овие фактори се поврзани со голем процент од сите болести.

  • Нездравите навики за јадење придонесуваат за појава на кардио-васкуларни заболувања, карцином, дијабетес тип 2, дебелина, односно зголемена тежина. Големиот внес на заситени масти, сол и алкохол, како и малиот внес на влакна, овошје и зеленчук придонесува за појавата на каридо-васкуларни заболувања. Ризик факторот за карцином е дефиниран како мал внес на овошје и зеленчук, наспроти високиот внес на алкохол и сол. Ризичните фактори за тип 2 дијабетес се големиот внес на заситени масти и малиот внес на влакна.

СЕГАШНОСТ


Според сите современи испитувања, а и според фактичката состојба, човекот живее подолго од кога и да било предходно. Не само тоа, туку и нашите очекувања за здравјето и добросостојбата се поголеми. Ние повеќе не ја прифаќаме неизбежноста на процесот на стареење - наместо тоа се стремиме кон поздраво и помладешко живеење. Покрај тоа, не е веќе важно само доброто чувство, туку и добриот изглед.


Со векови ние имаме прифатено дека нашата надворешност се менува како што одминуваат годините, но сега постојат истражувања кои покажуваат дека храната која ја конзумираме може да го успори процесот на стареење, како во нас така и однадвор. Веќе подолго време е јасно дека здравата исхрана е основа за долг живот, и сега откриваме дека тоа е всушност и клучот за младешки живот.


МОЖНОСТИ


За среќа , добрата исхрана е едно од најголемите задоволства во животот и ако инвестираме во здрава исхрана сега, можеме да спречиме проблеми како оштетен вид, артритис, дијабетес, и срцеви болести понатаму во животот, да не ги споменуваме заморот,брчките и лошиот тен.


За жал и покрај конкретната можност за едуцирање на населението во врска со правилниот начин на исхрана, во Македонија бројот на луѓе кои се свесни и упатени во правилниот начин на исхраната, е очајно мал. Индолентноста и одбегнувањето на постојните потенцијално големи проблеми, се закануваат да создадат состојба на нација над која е обвисната можноста од перманентна појава на нови и нови заболувања. Прераснуваме во нација која е составена од поединци, од кои секој трет е со преголема телесна тежина, во која секое второ дете е со дијагностицирана состојба на дебелина, ние всушност ќе станеме нација во која дебелината во суштина ќе биде примарен проблем за решавање и почеток на сите стратегии за подобар живот.

Страшно, нели?

И не е тоа поврзано со високиот стандард! Всушност нискиот стандард го фаворизира создавањето на неправилниот начин на исхрана во пакет со сите последици од него. Факт е дека во Македонија стандардот на најголемиот број на граѓани е низок, факт е дека се повеќе е присутен неправилниот начин на исхрана!

Но факт е и дека тоа може да се промени, сега и одма, треба само добра волја, знаење и посветеност.

Основни принципи на исхрана и правилна исхрана на спортисти

38 views0 comments

Recent Posts

See All

Comentários


bottom of page