top of page
Search
Writer's pictureАСК Феникс АМС

Факти за правилен тренинг

Кога Џорџ Малори го запрашале зошто сака да се искачи на Монт Еверест, тој одговорил: „Заради тоа што е таму“. Сигурно новинарот рекол, фино, фино, но јас мора да напишам цела колумна за тоа.


Без разлика дали се работи за планина, вселената или успешно напредување во спортот, нашиот дух не притиска кон постигнување на големи нешта. Заради тоа го имаме летањето со авиони, интернетот и се поспектакуларните спортски достигнувања.

Сакаме да ги научиме нашите деца да ги следат своите амбиции, но премногу амбиција може да биде опасна.

Ете, прашајте ја вдовицата на Џорџ Малори.


Еден од основните предуслови за спортски развој е наменски планираниот, доследно спроведениот и докажано успешен тренинг процес. Тоа е всушност она што ќе го обезбеди спортскиот развој на секој млад спортист.



Неквалитетните и нестручни тренинг програми се базираат на теорија на тренинг и тренерски методи кои се во главно поврзани со физиологијата на возрасните, а тоа создава проблеми, во прв ред заради тоа што постои значителна разлика во физиологијата на возрасните и децата.


Добро би било да сите тренери бидат свесни за начините на тренинг кои се соодветни за младите спортисти и за оние тренинзи кои не се препорачливи за соодветната возрасна категорија.


Вежбите практикувани во одреден тренинг нема ниту да го забават ниту да го стимулираат растењето (ако се мисли на растење во висина). Наместо тоа, правилниот тренинг ќе ги зацврсне (задебели) коските со зголемување на минералниот депозит, а тоа е всушност еден од основните позитивни ефекти на правилниот тренинг на децата.


Сепак, коските кои се во фаза на раст се чувствителни на стрес, особено неправилното повторувачко оптеретување, па заради тоа постои реален ризик од повреди кој е поврзан со растот на коските.


Мускули и масти


Како и кај коските, во овој период е стимулиран и мускулниот раст. Мускулната маса умерено но постојано се зголемува се до пубертетот, во кој период кај момчињата се појавува забрзан мускулен раст.


На возраст од 15 години, просечно момче има 25 % релативна мускулна маса, која се зголемува до 44 % на возраст од 19 години.


На 15 години, просечно девојче има 27 % релативна мускулна маса, која се зголемува на 39 % на возраст од 19 години.


Потешкотиите кај повеќето тинејџерки во периодот кога се зголемува нивната телесна тежина, се појавуваат при настојувањето да се пронајде рамнотежа помеѓу одржувањето на телесната форма и да не се биде премногу параноичен во однос на добивањето на тежина, па како разултат на тоа недоволното јадење (неизбалансираната исхрана). Тренерите мора да ги научат девојчињата дека избалансираната и правилна спортска исхрана („Основни принципи на исхрана и правилна исхрана на спортисти“) е единствениот правилен и здрав начин за избегнување на несаканото дебелеење.



Тренинг за сила и подигнување на нивото на физичка подготвеност


Иако е забележително дека голем дел од нив не научиле, тренерите мора да се свесни дека децата ќе пораснат, ќе бидат посилни и побрзи секоја наредна година, без оглед на тоа каков е тренингот. Заради тоа, настојувајте да тренингот биде предизвикувачки, концентирајте се на вештините и поставувањето на основата за иднината, работете индивидуални специфични тренинзи на кои ќе се насочите на деталите, тоа е всушност најдобриот начин за тренинг на младите спортисти. Специјализираните, напредни тренинзи би требало да бидат практикувани покасно, односно тогаш кога ќе бидат навистина потребни на спортистите!


Добро би било да тренерите практикуваат тренинзи за сила кај децата, со користење на телесната тежина и тегови со мала тежина, при што фокусот ќе биде насочен на техниката на изведување и општата физичка подготовка.


Аеробен и анаеробен развој


Во текот на детството се развива и кардиореспираторната функција. Волуменот на белите дробови и протокот низ крвните садови, постојано се зголемува. На пример, максималната вентилација се зголемува од 40 L/min на пет години, на повеќе од 110 L/min кај возрасни.


Кардиоваскуларната функција е исто така различна кај децата. Тие имаат мали срцеви комори и помал волумен од возрасните. Ова резултира со помал ударен волумен и за време на физичка активност и во време на мирување.


Иако тоа е биохемиски и физиолошки неефикасно, децата зависат во многу од аеробниот метаболизам при реализирањето на конкретна физичка активност!


Родителите најчесто тешко ги насочуваат децата на вистинското место, без да им го одземат чувството за победа и слобода.


Како родители, единствено можеме да бидеме чесни спрема своите деца, да прибереме и да им дадеме доволно информации за да донесуваат паметни одлуки. Во случајов, каде е најдобро да го тренираат спортот кој го сакаат, каде реално имаат најдобри шанки за успех, каде е местото каде се буди духот на другарството, почитта, победата!



Секако, ние како родители неможеме да се однесуваме како навивачи, ниту пак можеме да бидеме експерти за се, па најчесто најдобро е да се раководиме спрема докажаните факти.



Николче Костовски

51 views0 comments

Recent Posts

See All

Comments


bottom of page