top of page
Search
Writer's pictureАСК Феникс АМС

Спортски суплементи

Постоењето на голем број на различни суплементи, сите нашироко промовирани како корисни за непреченото функционирање на организмот и како подобрувачи на перформансот, претставува проблем при изборот на навистина потребниот суплемент. Но и покрај големиот број на рекламни спотови и публикации во кои има тврдења на голем број на спортисти за бенефитите кои тие ги почувствувале од користењето на некој суплемент, сепак за најголемиот број од нив не постои никаква научно издржана поткрепа на изнесените тврдења.


Неколку воведни совети:

  • Не треба да се верува во ветувањето за драматично добри резултати од користењето на суплементите. Доколку тврдењата изгледаат премногу добри за да бидат вистинити, тогаш тие најверојатно и се премногу добри за да бидат вистинити.

  • Треба да се внимава на рекламирањето кое користи премногу технички жаргон или непотребни графикони. Доколку информациите не се јасни и не се поткрепени со факти, во никој случај не би требало да се користат таквите суплементи.

  • Внимателно треба да се разгледа користењето на суплементи кои се пропратени во прв ред со фотографии ,,пред“ и ,,по тоа“, а не со научно издржани докази.

  • Пред користењето на кој и да е суплемент треба да се побараат научни докази и студии кои ќе ги потврдат рекламните тврдења за суплементите. Доколку тоа е недостапно, тогаш користењето на таквите суплементи е ризично и целосно непотребно.

  • Доколку постојат испитувања кои се однесуваат на карактеристиките на суплементите кои се спроведени само од производителот, во тој случај се работи само за ефтин маркетинг трик. Вистинските научни испитувања ги прават научни институции во рамките на Универзитет, а се објавувани во реномирани научни списанија.

  • Не треба да се верува на тврдењата за ефикасноста на суплементот изнесени само преку збор. Мора да постојат и пишувани научно издржани докази за изнесените тврдења. Препорачливо е пред користењето на каков и да е суплемент да се консултира експерт.



Дали суплементите се сигурни?


Проблем е тоа што суплементите кои се всушност додатоци во исхраната, се третирани како храна и заради тоа обично не се подложени на тестови за сигурност. За разлика од медикаментите, не постои систематизација на суплементите и хербалните лекови, така да не постои гаранција дека тие ги исполнуваат изнесените тврдења. Бројни тестирања потврдиле дека некои од суплементите не ги содржат ниту составните компоненти кои се наведени на паковањето, други може да се контаминирани и со забранети стимулативни супстанции. Испитувањето од Интернационалниот Олимписки Комитет спроведено во 2001 година покажало дека 15% од испитаните суплементи содржеле забранети стимулативни супстанции, вклучително и стероиди. Заради ова и други испитувања кои дошле до слични резултати, поголем број на спортски асоцијации, на пример Британската Олимписка Асоцијација, издадоа препораки до нивните спортисти против користењето на суплементи.


Што најмногу се користи?


Според испитувања спроведени на повеќе универзитети во САД, најпопуларни суплементи се мултивитамините. Следни на листата се јагленохидратните/енергетски суплементи, потоа следат протеинските суплементи, па креатинот и кафеинот. Efedrin, androstenedione, glutamin и HMB се исто така популарни кај спортистите на кои им е особено потребна сила.



  1. Антиоксидантски суплементи

  2. Cоffein

  3. Creatin

  4. Conjugated Linoleic Acid (CLA) – Коњугирана Линоленска Киселина

  5. Енергетски ,,Плочки“

  6. Енергетски гелови

  7. Согорувачи на масти (диетални препарати-апчиња за слабеење)

  8. Средства за слабеење – без efedrin

  9. Glucozamin

  10. Glutamin

  11. HMB (beta-hydroxy beta-metil butirat)

  12. Шејкови кои заменуваат оброк

  13. Мултивитамински и минерални суплементи

  14. Строидни прекурзори

  15. Протеински суплементи

  16. Спортски напитоци...

Николче Костовски

33 views0 comments

Recent Posts

See All

コメント


bottom of page